Поврзување на онлајн продавницата
Чекор 1 – Креирање на "страница за пренасочување"За да може да ги следите и регистрирате онлајн купувањата направени од членовите на Lyoness во онлајн продавницата на трговскиот партнер потребно е прво да креирате "страница за пренасочување". Со неа се генерира јасен ID-број како прилог- URL параметар (после кликнувањето на рекламата на интернет страницата на Lyoness, на пр.: www.advertiser.com/redirect.php?tduid=1234567). Страницата за пренасочување го чита овој ID-број и го зачувува како Cookie на компјутерот на клиентот (подоцна овој ID-број се чита одново и се испраќа назад кон системот). Потоа ID-бројот се зачувува во Session Variable. И после овој процес се случува префрлувањео кон вистинската страница на онлајн продавницата на трговскиот партнер ("Landing Page"). Ве молиме разгледајте ги сите детали за создавање на страница за пренасочување од нашиот прирачник за имплементација и интегрирање на нови онлајн продавници кон партнерската програма на Lyoness.
Чекор 2 – Инсталирање на "Tracking Pixels"Откако член на Lyoness ќе направи купување во Вашата онлајн продавница, се полни страницата за потврда на нарачката (Order Confirmation Page). Ова е страницата која се појавува после направено купување или плаќање. Во оваа страница за потврда на нарачката Вие треба да инсталирате т.н. "Tracking Pixel". Овој Tracking Pixel всушност претставува Image-TAG, каде што "src"-Attribut испраќа назад параметри (TDUID, Order Number, Order Value, итн) за направената нарачка.
Инсталацијата на пикселите му овозможува на Lyoness да ги зачува сите важни податоци во внатрешниот систем за направеното купување (износ на купувањето, членски број, час на купувањето и др.), како и да ја насочи кон соодветниот член. Зачуваната информација за бонификации подоцна го пресметува ефективната членска предност. За повеќе информации околу инсталирањето на "Tracking Pixel", и за параметрите за Pixel-TAG може да најдете во прирачникот за имплементирање и интеграција на нова онлајн продавница во партнерската програма на Lyoness и во примерите за различни јазици за скриптирање.
Чекор 3 – Потврда на продажбаОткако ќе се направи купување (продажба), трговскиот партнер има можност во договорно определениот рок, да се најави преку својот пристап на http://onlinepartner.lyoness.net и да го промени статусот на трансакцијата. Промена на статусот на трансакцијата значи да ја маркирате трансакцијата као платена, делумно платена со промена во износот на купувањето или како сторнирана. Ова се прави или преку автоматско снимање на датотеката за потврда (Batchfile) или рачно со најава во системот. За повеќе информации за двете верзии ве молиме погледнете ги документите "Onlinepartner Aftersale" или "Sales Validation Batch".
| ЗА онлајн ФИРМИ | |
| Профитирајте со Lyoness |
|
| > | Предности за онлајн ФИРМИ |
| > | Барања |
| > | Трошоци |
| > | Прашања |
| Технички процес | |
| > | Врска со продавницата |
| Регистрација | |
