Актуелни омилени понуди кај Lyoness
Куповни трендови. Што купуваат нашите клиенти со најголемо задоволство.
Овде ќе ги пронајдете најомилените потрошувачки идеи (Shopping – листи) од страна на нашите купувачи. Искористете ги и Вие разновидните можности за неограничено електронско купување. Во Lyoness и во 18.500 трговски партнери ширум светот.
Вашиот одмор од соништата. Сонувајте заедно со Lyoness.
Некоj сака да се одмори во потполна тишина, да ги стави нозете во песокот да се насладува на морскиот бриз. Додека пак некој друг сака авантури и сонува за стрмни клисури, неверојатна планинска панорама и лет со падобран. Lyoness им овозможува на сите патници да ја откријат својата посакувана цел. Најубавите хотели и најдобрите спа предлози. Осамени плажи или културни метрополи кои се полни со живот. Со резервација преку Lyoness, можете да заштедите дури и при својот одмор од соништата . На овој начин одморот ви дава двојно поголемо задоволство.
Убавината доаѓа одвнатре. И од Lyoness.
Козметика и производи за нега, за жени и мажи, ќе најдете во продавниците на трговските партнери на Lyoness. Само најдоброто, се разбира. Сезонски спа- трендови и идеи за негување на Вашата убавина можете да најдете во големиот понуден асортиман на партнерски фирми на Lyoness. Прекрасни бои и купки за релаксирање, освежителни мириси и козметички кремови. Разновидна козметика од различни фирми по Ваш избор, и сето ова Ви станува подостапно и тоа по посебно поволна цена. Се разбира, само преку Lyoness.
Загарантирано добра забава.
Кај нас можете да ги најдете најновите бестселери од полето на забавната електроника, и сето тоа по најповолни цени. Независно од тоа дали барате МР3- плеер или можеби еден класичен роман во електронска форма, во продавниците на нашите трговски партнери ќе можете да набавите се што ќе посакате. Дали би сакале да направите забава во Вашата дневна соба? Дали можеби Ви е потребна нова видео игра за Вашата конзола? Или да го пренесете фитнес студиото во Вашиот дом? Сето ова е возможно со помош на Lyoness, кој Ви обезбедува особена предност при купувањето но исто така и гаранција од страна на трговските партнери, кои што Вие ќе ги изберете.
