Општи услови за членовите на Лајонес Европа АГ

Издадено: Април 2012

Adobe Reader  
Adobe PDF   Општи услови за членовите на Лајонес Европа АГ
(PDF, 101 KB)
 
   

Важнa забелешка:
За да сте сигурни дека ја имате најновата верзија на ОУ, Ве молиме исчистете ја кеш (Cache) меморијата во Вашиот пребарувач.


Упатството за чистење на кеш (Cache) меморијата во Вашиот пребарувач, може да се разликува според пребарувачот и верзијата. Доколку Вашиот пребарувач не е наведен, Ве молиме да погледнете во помошното мени и да стапите во контакт со Вашиот добавувач.

Internet Explorer
  • Од менито одберете Алатки/Опции.
  • Кликнете на временски интернет датотеки на копчето за бришење на податоци.
  • Кеш (Cache) меморијата од Вашиот пребарувач се чисти.

Firefox Browser
  • Од менито одберете Алатки/Опции Проширено/Мрежа.
  • Кликнете на копчето бришење на Cache.
  • Кеш (Cache) меморијата од Вашиот пребарувач се чисти.

Google Chrome
  • Од менито одберете ја клуч иконата.
  • Одберете алатки.
  • Одберете бришење на интернет податоци.
  • Кеш (Cache) меморијата од Вашиот пребарувач се чисти.

 

Преамбула
Лајонес Европа АГ со седиште на Бахнхофстрассе 7, ЦХ-9470 Букс, регистрирана со број ЦХ 170.3.026.427-4 при Трговската комора на кантонот Ст. Гален води интернационална куповна заедница, која на учесниците (во понатамошен текст "Членови") им овозможува да добиваат предности (во понатамошен текст "Програма за лојалност на Лајонес АГ") по пат на купување на стоки и услуги од Трговските партнери на Лајонес АГ (во понатамошен текст "Трговски партнери").

Договорната страна на членовите е Лајонес Европа АГ (во понатамошниот текст: "Лајонес")
Лајонес е претставувана во Македонија од страна на Лајонес ДООЕЛ, бул. Октомвриска Револуција бб, Хипериум Бизнис Центар 2ри кат, 1000 Скопје, Република Македонија, со единствен матичен број 6682731, (во понатамошниот текст "Лајонес ДООЕЛ")

1.) Предмет на договорот
1.1. Согласно овие Општи услови Членовите имаат право да учествуваат во Програмата за лојалност на Лајонес АГ и со тоа да користат соодветни бенефиции (во понатамошен текст "Предности"). Членот може да ја препорачува Програмата за лојалност на Лајонес АГ на други лица (во понатамошен текст "Препорачател"). Членот не е должен да ангажира други лица или да дава препораки, ниту пак ќе му должи на Лајонес АГ било каков негов успех во Програмата за лојалност.

1.2. Стоките и услугите кои Членот ги купува од Трговскиот партнер (во понатамошен текст "Купувања") ќе бидат регистрирани во Програмата за лојалност на Лајонес АГ. Генерално, Членот може да ги користи следниве алатки за купување со цел да ги користи предностите кои произлегуваат од Програмата за лојалност на Лајонес АГ: Cashback картичка, мобилни ваучери од Трговските партнери, оригинални ваучери односно картички за подарок на Трговските партнери, како и онлајн купувања кај Трговските партнери.

2.) Основи на Договорот
2.1. Со прифаќање на договорот за регистрација од Лајонес АГ, барателот станува член на Лајонес и добива личен членски број (во понатамошен текст "ИД-број"). Со потпишување на договорот за регистрација Членот се стекнува со правото за учество во Програмата за лојалност на Лајонес АГ во рамките на тест членството согласно точката 14.1. Во програмата за лојалност на Лајонес АГ ќе се земат во предвид само купувањата на регистрираните членови (со ИД-број).

2.2. Договорните односи помеѓу Лајонес АГ и Членот ќе се темелат на флаерите за регистрација или формуларот за онлајн регистрирање и овие Општи услови. За продолжените членски предности ќе важи точката 7.5. Лајонес АГ не прифаќа никакви отстапувања од договорените односи.

2.3. Членот потврдува дека, сите податоци дадени на Лајонес АГ се вистинити и воедно се согласува да го обесштети и заштити Лајонес АГ од штета што може да настане поради невистинитите податоци.

2.4. Членот се согласува да го информира Лајонес АГ, без одлагање, за секоја промена на неговите лични податоци (адреса на живеење, е-маил адреса, банкарски податоци, телефонски број итн.).

2.5. Секое физичко и правно лице може да се регистрира само еднаш (да добие еден ИД-број). Регистрацијата мора да соодветствува со местото на живеење на физичкото лице, односно со седиштето на правното лице. Во случај на повеќекратно регистрирање, последниот регистриран ИД-број ќе биде избришан. Членските предности кои се настанати од повеќекратното регистрирање ќе бидат изгубени. Придобиените неовластени членски предности, настанати од повеќекратното регистрирање, го овластуваат Лајонес АГ да го раскине договорот во целост.

3.) Правни односи
3.1. Никаков работен однос, договор за услуги или било каква друга договорена форма (посебно не форма на членство во здружение) нема да произлезе од односот помеѓу Лајонес АГ и Членот. Учеството на Членовите во Програмата за лојалност на Лајонес АГ ќе се темели исклучиво на нивна автономна, суверена и правно независна од Лајонес АГ активност.

3.2. Членот има право само на предности од Програмата за лојалност на Лајонес АГ. Членот нема право на било каков дополнителен надоместок за неговите активности. Исто така, Членот нема право на било каков надоместок за направените трошоци.

3.3. Членот не е овластен да го преставува Лајонес АГ, а особено не смее да дава коментари и изјави кои се однесуваат на Програмата за лојалност на Лајонес АГ и/или за реклама или препорака на нови членови. Членот не е овластен да прима пари во готово и не е овластен да спроведува инкасо за Лајонес АГ.

3.4. Членот треба да добие писмена согласност од страна на Лајонес АГ за да:
• Употребува лого, меморандуми и слично, на Лајонес АГ или на Трговските партнери.
• Направи или дистрибуира во хартиена или во дигитална форма или да ги направи достапни на интернет страниците (пр. YouТube, Facebook итн.) визит карти, презентации, видеа, аудио податоци, "screenshot-ови", интернет содржини, медиумски содржини, флаери, брошури, интернет страници, рекламни материјали, поштенски материјали, е-маил податоци, почетни страници итн. - без претходна писмена согласност од страна на Лајонес АГ;
• Спроведува и организира јавни настани, информативни настани, настани, работилници, семинари итн. со содржини на Лајонес АГ, односно содржини од Програмата за лојалност.
• Ангажира/регрутира трговци на мало и големо, компании кои нудат стоки и услуги на крајните потрошувачи, поточно бензиски, франшизи и стоковни куќи, да преговара или иницијално разговара или да стапува во директни рекламни активности во просториите на трговецот или во близина на истиот.

4.) Програма на лојаност на Лајонес АГ
4.1. Со купувањето кај Трговските партнери, членот се здобива со предности од Програмата за лојалност на Лајонес АГ согласно овие Општи услови, а воглавно со враќање на пари, пријателскиот бонус и понатамошни зголемени предности на членовите. Членските предности подетално се објаснети во точка 7.

4.2. Лајонес АГ склучува договори со Трговските партнери, кои му овозможуваат на Лајонес да одобри членски предности во рамките за Програмата за лојалност на Лајонес АГ. Лајонес се стреми кон давање на најдобри услови и постојано проширување интернационалната мрежа на Трговските партнери. Целокупен преглед на сите Трговски партнери и на членските предности е достапен онлајн на интернет страницата www.lyoness.mk, како и во Лајонес ДООЕЛ.

4.3. Со цел да се гарантира униформноста на регистрацијата на купувањата направени кај Трговските партнери во рамки на Програмата за лојалност, Членот може да ги користи следниве можности:
• Cashback картичка: Не е средство за плаќање, туку служи единствено за забележување на податоците од купување на членовите кај Трговските партнери. Cashback картичката е достапна како пластична картичка или како мобилна апликација. Остварените купувања кај Трговските партнери, направени со Cashback картичката ќе бидат пренесени на Лајонес АГ за пресметка која ќе служи за утврдување на членските предности.
• Мобилни ваучери: Со употреба на мобилните уреди (на пр. "smart" телефоните, таблети итн.), преку мобилната апликација на Лајонес АГ, можете да ги пронајдете мобилните ваучери. Лајонес АГ ги дава мобилните ваучери на користење спроти целосно плаќање. Тогаш мобилните ваучери на Трговските партнери можат да се искористат за купување. Врз основа на нарачката на ваучерите, се пресметуваат членските предности кои произлегуваат од самата нарачка.
• Оригинални ваучери или картички за подарок: Може да се нарачаат писмено, телефонски или онлајн во Лајонес АГ или од местата за продажба на ваучери (www.lyoness.mk места за продажба на ваучери). По целосна исплата, Лајонес АГ ги дава на располагање оригиналните ваучери, односно картички за подарок од трговските партнери. Врз основа на нарачката на ваучерите, се пресметуваат членските предности кои произлегуваат од самата нарачка.
• Онлајн купување: Преку интернет страницата www.lyoness.mk, изберете ја онлајн продавницата на трговскиот партнер и најавете се со податоците за влез на Лајонес АГ. Податоците за купувањата кај трговските партнери ќе бидат опфатени преку онлајн "интерфејс" или "колачиња" и веб следењето и испратени на Лајнес АГ за пресметка од кои ќе произлезат и членските предности.

5.) Нарачка на ваучери
5.1. Оригиналните ваучери, односно картичките за подарок и мобилните ваучери (во понатамошен текст "Ваучери"), претставуваат ваучери за вредности и добра и можат да се искористат само кај соодветните Трговски партнери. Противвредноста на индивидуалната премија или на чекот за размена соодветствува со прикажаната вредност на ваучерот.

5.2. Членот може да нарача оригинален ваучер или картичка за подарок писмено со пополнување на формуларот за нарачка или онлајн преку www.lyoness.mk (дел за најава). Нарачката на мобилните ваучери може да се направи преку Лајонес апликацијата за мобилните уреди (пр. "smart" телефоните, таблети итн.) или онлајн преку www.m.lyoness.mk.

5.3. Плаќањето на нарачаните оригинални ваучери може да биде направено со наведување на ИД-бројот. По приемот на целосната куповна цена од страна на Лајонес АГ, нарачаните оригинални ваучери ќе бидат испратени на Членот.
5.4. Авансното плаќање/делумно плаќање може да се направи за задолжителните нарачки на оригиналните ваучери или картички за подарок. Предностите на авансното/делумното плаќање настануваат пред се со учеството во дополнителните членски предности согласно точката 7.5. Членот може да ги користи оригиналните ваучери односно картички за подарок по целосно плаќање на ваучерите.

5.5. Оригиналните ваучери односно картички за подарок кои се нарачани и делумно уплатени согласно точката 5.4 можат да се поделат во делумни износи. Членот може да го користи ваучерот, откако ќе биде платен делумниот износ без авансот. Пример, доколку за нарачка на ваучери од МКД 65.000 се изврши аванс/делумно плаќање од МКД 3.250, членот може да добие делумен ваучер од МКД 6.500, од кои МКД 6.175 ќе бидат исплатени како остаточен износ. На овој начин, на членот му останува аванс од МКД 2.925 за ваучери во висина над МКД 59.085. Авансното плаќање/делумното плаќање зависи од договорените услови со трговските партнери.

5.6. Испратените ваучери од Лајонес АГ неможе да се рефундираат и исплатениот износ неможе да биде вратен, освен во случаите во согласност со точката 6.1., правото на отказ во согласност со одредбите за продажба на далечина ќе остане непроменето (во оваа смисла, прочитајте ги информациите за потрошувачи и инструкциите за правото на откажување).

Исто така, Трговските партнери не мораат да враќаат готовина или да ја платат разликата во готово. При губење или кражба на оригиналните ваучери, кои членот ги подигнал од Лајонес АГ, или ги подигнал по поштенски пат или онлајн, Лајонес АГ не превзема одговорност за било каков можен надоместок, освен доколку членот ја известил Лајонес АГ за загубата или кражбата и Лајонес занемарил да превземе разумни мерки за да ги спречи незаконските дејствија.

5.7. Нарачаните и испратените ваучери од страна на Лајонес можат исклучиво да се искористат кај соодветните Трговските партнери кои членот ги наведува при самата нарачка, односно кај Трговските партнери наведени на самите ваучери. Договорот се смета за склучен исклучиво помеѓу Трговскиот партнер (издавач на ваучерот) и Членот (имател на ваучерот). Лајонес АГ нема да се смета за одговорен за било какви побарување кои произлегуваат или се во врска со тие договорни односи.

5.8. Лајонес АГ го задржува правото да ги одбие нарачките на ваучерите.

5.9. Целосно платените ваучери кои се испратени на членот се преносливи, ова значи дека членот може да ги подари и даде ваучерите на друга личност по негов избор.

6.) Отстапувања во работењето
6.1. Обемот на услугите на Лајонес АГ е ограничен на работењето на Програмата за лојалност на Лајонес АГ, како што е објаснето во точките 4 и 5 (регистрација, продажба и испраќање на ваучери од трговските партнери, решавање на договорените услови со Трговските партнери и др.). Лајонес гарантира, во рамките на законски установената одговорност за недостатоци, дека купените ваучери од страна на членот не го губат својството за плаќање на купувањето направено при дадениот трговски партнер. Доколку истото не е можно, членот може да го замени ваучерот кај Лајонес АГ со ваучер на друг трговски партнер. (членските предности можат да се променат согласно точка.7.6).

6.2. Правата и обврските на членот кои што произлегуваат од купувањата опишани во 4.3 ги засегнува само и единствено Трговските партнери. Во однос на ова, по склучениот договор, Лајонес АГ не превзема одговорност за исполнувањето на обврските на трговските партнери, особено при делумно или лошо исполнување.

6.3. Во случај на неисполнување или неправилно исполнување на обврските од страна на Трговски партнер, Членот нема право од Лајонес АГ да бара целосно или делумно рефундирање на искористениот ваучер, издавање на друг ваучер, плаќање во готово или за било каков друг надоместок или компензација. Можни барања од членовите за неисполнување или неправилно исполнување од страна на Трговски партнер треба да се побаруваат исклучително од Трговскиот партнер.

7.) Членски предности од Програмата за лојалност
7.1. Купувањата кои се регистрирани во Програмата за лојалност на Лајонес АГ, му овозможуваат на Членот соодветни предности. Предностите се темелат врз основа на договорените услови помеѓу Лајонес АГ и соодветните Трговските партнери. Висината на процентот на предностите зависат од Трговскиот партнер, индустријата и од регионот. Предностите се состојат од Cashback (точка 7.2.), Пријателскиот бонус (точка 7.3.) и евентуално од дополнителните членски предности (точка 7.5.).

7.2. Cashback: За купувања кои се регистрирани во Програмата за лојалност на Лајонес АГ, Членот добива до 2% Cashback. Процентите прикажани на интернет страницата www.lyoness.mk (дел за најава) на соодветниот Трговски партнер се однесуваат на Cashback. Исплаќањето на Cashback-от произлегува согласно точката 7.4.

7.3. Пријателски бонус: За купувања направени од страна на директно препорачан член (лице кое врз основа на препорака на член е регистриранo во Лајонес АГ) на препорачателот, како и членот препорачан од овој член (индиректно препорачани членови) кои се регистрирани во Програмата за лојалност на Лајонес АГ, членот добива до 0.5% од сумата остварена од купување како пријателски бонус. Овој пријатеслки бонус не се однесува и за други препорачани членови. Процентите прикажани на интернет страницата www.lyoness.mk (дел за најава) за соодветниот Трговски партнер се однесуваат за Пријателскиот бонус. Исплаќањето на пријателскиот бонус се спроведува согласно точката 7.4.

7.4. Членските предности од остварените купувања при употреба на Cashback картичката и од купувања преку онлјан продавниците на трговските партнери, ќе му бидат пресметани на членот доколку се регистрирани до недела 23:00 часот. Лајонес АГ ќе осигура дека, Трговските партнери го пресметуваат секое купување најдоцна до 3 месеци од денот на купувањето. Во случај на користење на ваучери, износот од Cashback-от ќе му биде пресметан на членот веднаш по плаќање на цената на ваучерот. Членовите може да бараат префрлување на минимален износ од Cashback и пријателски бонус кој се состои од минималната сума за префрлување утврдена во точката 16.3. Членот ќе биде известен за префрлувањето на износот преку текстуална порака/"push" порака.

7.5. Членот врз основа на одредени услови има можности, преку своите лични купувања или купувања на сите директни и индиректни препорачани членови да добива дополнителни членски предности или да стане премиум член. Важечките услови за дополнителните членски предности се достапни во личната онлајн канцеларија (дел за најава). Тука се достапни и сличните услови за авансирање/делумно плаќање.

7.6. Лајонес АГ ќе се стреми врз основа на договорот, долгорочно да одржува па дури и да ги зголемува поволните услови со Трговските партнери и членските предности. Доколку се менуваат договорените услови со трговските партнери, Лајонес АГ може во рок од 4 недели да ги промени членските предности на поединечни Трговски партнери. Актуелните услови ќе бидат објавени на www.lyoness.mk (дел за најава). За пресметка на членските предности на кои членовите имаат право ќе се применуваат оние услови кои важеле кога Членот ја платил целосната вредност на ваучерите, или при целосно плаќање кон трговските партнери (при употреба на Cashback картичката или пазарување во онлајн продавниците на трговските партнери).

8.) Онлајн канцеларија и услуги
8.1. Лајонес АГ на секој член преку својата интернет страница www.lyoness.mk (дел за најава), му дава на располагање една бесплатна интернет канцеларија до која Членот може да пристапи со внесување на корисничкото име и лозинка, и со тоа во секое време да има увид во остварените купувања, препорачани Членови, како и увид и известување за предностите од Програмата за лојалност на Лајонес АГ. За можната недостапност на интернет страницата и на делот за најава под www.lyoness.mk, Лајонес АГ ќе превземе одговорност само согласно точката 11.

8.2. Личните податоците за користење на онлајн канцеларијата (корисничко име, лозинка и ПИН), членовите треба да ги чуваат на сигурно место и да бидат третирани како строго доверливи. Податоците за влез под никакви околности не смеат да се даваат на трети лица. Личните подесувања членот може да ги измени во било кое време на интернет страната www.lyoness.mk (дел за најава).

8.3. Доколку Членот утврди неовластена употреба на неговиот/нејзиниот пристап веднаш ќе го информира Лајонес АГ. По деактивацијата на пристапот, на Членот повторно ќе му се испратат променетите податоци преку текстуална порака, е-маил или по пат на пошта. За било каква штета на Членот како резултат на неовластеното користење, Лајонес АГ ќе превземе одговорност само согласно точката 11.

9.) Заштита на податоци
9.1. Лајонес АГ ги собира, чува и обработува податоците на членовите во согласност со законите за заштита на лични податоци, со цел да овозможи спроведување на Програмата за лојалност на Лајонес АГ, како и за пресметување на членските предности. Во рамките на пресметувањето на пријателскиот бонус и дополнителните членски предности, Лајонес АГ му овозможува на препорачателот преглед на податоците за волуменот од купувањата. Доколку членот ја даде својата согласност, Лајонес АГ ги користи податоците на членовите како персонализирани информации кои се однесуваат на понуди и производи на Лајонес АГ и на Трговските партнери на Лајонес АГ и доколку Членот се согласува, неговите/нејзините анонимни податоци за сите видови купувањата во Програмата за лојалност, да се дадат кај Трговски партнери, кои може да се наоѓаат и во странство, доколку истото е потребно за развивање на деловните односи. Во однос на можноста на пренос на податоците во странство, Лајонес АГ гарантира дека ќе обезбеди соодветна заштита во земјата каде што истите се праќаат.

9.2. Сите барања за информирање, промена како и бришење на податоците можат директно, писмено да бидат доставени до Лајонес ДООЕЛ. Лајонес АГ согласно правната регулатива го задржува правото да ги одбие барањата, посебно оние кои претставуваат злоупотреба на правните прописи, кои несоодветно често се повторуваат, се пополнуваат на систематски начин или кои ја загрозуваат безбедноста на податоците на другите Членови.

9.3. Другите релевантни одредби за правната заштита на податоци може да се пронајдат на интернет страницата на Лајонес АГ www.lyoness.mk.

9.4. Лајонес АГ користи интернационална технологија за безбедност на податоците на членовите за заштита од неовластен пристап кон истите. За безбедност на податоците кои се пренесени преку интернет, Лајонес АГ превзема одговорност, само согласно точката 11.

10.) Правна согласност за заштита на податоци
Членот е согласен, со можноста за отповикување во секое време, Лајонес АГ да ги собира неговите лични податоци за неговите купувања (интереси и преференции итн.) во рамките на учеството во Програмата за лојалност на Лајонес АГ и истите информации да ги користи во облик на персонализирани информации за поштенски и лични контакти, за употреба во Програмата за лојалност и за понуди на Трговските партнери. Членот исто така се согласува податоците за обемот на неговите/нејзините остварени Купувања во рамките на Програмата за лојалност (пр. Пријателски бонус), да биде даден на трети лица, (пр. негов/нејзин Препорачател) или пак да се објават во странство. Доколку членот не се согласува со ова, тој може својата согласност за во иднина во секое време да ја оповика телефонски во Лајонес ДООЕЛ или преку e-mail на [email protected].

11.) Одговорност
11.1. Лајонес АГ е неограничено одговорен само за телесни или психички повреди, повреди на животот и на здравјето, кои се засноваат врз намерна или небрежна злоупотреба на должноста од страна на Лајонес АГ. Исто така, Лајонес АГ е неограничено одговорен и за други штети, кои се предизвикани поради намерна или поради груба небрежна злоупотреба на должноста од Лајонес АГ.

11.2. Било кој друг надомест на штета, согласно точката 11.4. е исклучен. Ова особено се однесува доколку Лајонес АГ не е виновен, при
- Прекини во достапноста на пристапот на членовите на интернет,
- Други технички и електронски грешки при комуникација на интернет, како и во тек на користењето на Лајонес интернет порталот, на Лајноес услугите за текстуални пораки, за апликации на Лајонес АГ за мобилните уреди, доколку овие грешки не припаѓаат под одговорност на Лајонесс АГ.
- За недостапност на мобилните мрежи или терминали и
- За функционалноста на мобилните уреди.
- Кога Купопродажниот договор за стоки или договор за услуги, е договор склучен помеѓу Членот и соодветниот Трговскиот партнер.

11.3. Доколку одговорноста на Lyoness е ограничена или исклучена, важат ограничувањата или исклучувањата и за личните одговорности на вработените, законските застапници и помошници на Лајонес АГ.

11.4 Ограничувањата на одговорност и исклучувањето на одговорноста согласно точката 11 овозможува одговорноста на Лајонес АГ да се одвива согласно законските прописи за Законот за одговорност за производи.

12.) Трошоци
12.1. Регистрирањето и учеството во Програмата за лојалност на Лајонес АГ е бесплатно.

12.2. Cashback-картичката на Лајонес АГ за Членот е бесплатна при самата регистрација. Членот може при губење или при оштета на картичката во секое време да порача нова картичка (точка 16.6). Членот може во секое време бесплатно да ги користи можностите од мобилната Cashback-картичка.

13.) Раскинување на договорот од страна на Членот
13.1.Членот има право во секое време со писмена изјава да го раскине договорениот однос со Лајонес АГ. Членот во рамките на временски договорениот однос не е задолжен да остварува купувања, да препорачува членови или да извршува други активности.

13.2. Со раскинувањето на договорниот однос со Лајонес АГ, Членот има само право да ги бара членските предности од Програмата за лојалност кои постоеле во моментот на раскинувањето на договорот, односно на членските предности од Cashback-от и од пријателскиот бонус од купувања кои веќе се направени до моментот на раскинување на договорот.

13.3. Со раскинување на договорниот однос членот нема право да бара рефундирање на авансното плаќање/делумното плаќање (оригинални ваучери односно картички за подарок). Членот има можност пред раскинување на договорниот однос да изврши целосно плаќање на износот за нарачката на оригинални ваучери односно картички за подарок. По прием на целокупниот износ, оригиналните ваучери односно картички за подарок ќе му бидат испратени на Членот.

14.) Раскинување на договорниот однос од страна на Лајонес АГ
14.1. Лајонес АГ го задржува правото да го избрише ИД-бројот, а со тоа да го раскине и договорениот однос со Членот, доколку Членот во рок од 30 дена од денот на добивање на ИД-бројот не оствари некое купување (Пробен период/тест членство). Раскинувањето ќе биде прогласено најмалку во рок од 2 недели по истекувањето на 30-те дена.

14.2. Договорениот однос може да се раскине од страна на Лајонес АГ без причина во рок од 8 недели или поради важни причини со моментално раскинување. Како важни причини за моментално раскинување на договорниот однос покрај економската штета и штетата на угледот на Лајонес АГ како и на Трговскиот партнер, ќе се сметаат и повредите на основните договорени обврски, доколку нанесените штети не се отстранат во разумен рок по прием на писмено барање. Како основна договорена обврска се сметаат обврските на членовите согласно точките 2.3 и 2.4.

14.3. Членот целосно ќе го обесштети и ќе го заштити Лајонес во случај штетата да настанала поради намерно давање на погрешни информации и факти.

14.4. Лајонес АГ го задржува правото да одлучи во рамките на неговите дискрециони права (пр. во случај на смрт) да ја откаже задолжителната нарачката на оригиналните ваучери, односно картички за подарок во случај на раскинување на договорот и да го рефундира применото авансно плаќање/делумно плаќање по одбивањето на административна такса и исплатените предности.

15.) Општи одредби

15.1. Поединечните и индивидуално договорени услови со Лајонес АГ имаат предност пред овие Општи Услови на Работење. За содржината на овој вид на услови потребен е писмен договор со Лајонес АГ, односно писмена потврда од Лајонес АГ. Лајонес АГ е овластен на членот да му испрати по пат на СМС или e-mail објаснување за договорот и за спроведување на договорот, доколку членот не го отповика истиот.

15.2. Лајонес АГ ги објавува актуелните услови на интернет страницата www.lyoness.mk (дел за најава). На членовите им се препорачува постојано да се информираат на инетрент страницата на Лајонес АГ за сосотојбата на условите на трговските партнери.

15.3. Промените на овие Општи услови и останати одредби помеѓу членот и Лајонес АГ ќе се сметаат за прифатени од страна на членот, доколку членот во рок од 14 дена од приемот на промените не се противречи на истите во писмена форма. Лајонес АГ, ќе го информира членот за значењето на неговите постапки. Промените на Општите услови ќе се сметаат прифатени од страна на членот, само доколку ова известување навистина е направено.

15.4. Сите полово специфички термини употребени во договорот се однесуваат за женски, машки и правни лица.

15.5. Доколку одредени одредби на договорот сосема или делумно се ништовни или неприменливи, останатите одредби ќе останат во сила.

16.) Останати одредби
16.1.Во договорниот однос ќе се применува Македонското право. Исклучена е примената на UN правото за купување/продажба.

16.2. Mесто за исполнување за сите договорени услуги е седиштето на Лајонес Европа АГ, Букс/Швајцарија.

16.3. За да може да се регистрира и да учествува во Програмата за лојалност на Лајонес АГ Членот треба да има 16 години. Се до постигнување на полнолетност, потребна е писмена согласнот од старател.

16.4. Барањето за неделниот трансфер настанува со минимален износ од МКД 325.

16.5. Членот се обврзува правилно и навремено да ги плати сите трошоци, надоместоци, даноци итн. кои настануваат со добивањето на предностите.

16.6. Трошокот за издавање или замена на Cashback картичката изнесува МКД 520.