Со Cashback картичката добивате назад пари. Со секое купување.
 1. Како да ја користам Cashback картичката?
Покажете ја Вашата Cashback картичка пред плаќањето, на касата кај соодветниот Lyoness трговски партнер и платете го износот на купувањето. Lyoness Cashback картичката не е средство со кое можете да плаќате, но служи за регистрирање на Вашата повратна бонификација. При секоја набавка направена со Cashback картичката, добивате поврат на пари.
2. Како ќе добијам поврат на пари?
Вашата тековна Lyoness бонификација се регистрира автоматски во системот со секоја направена набавка и може да се види во вашиот личен online профил на www.lyoness.net/mk/ во менито "Моите набавки"/" Отворени набавки". Бонификацијата за набавките ќе ја добиете на Вашата бонификациона сметка.
3. Каде се наоѓа мојот следен трговски партнер, кој што работи со Cashback картичката?
Преку менито за Пребарување на трговец на интернет страницата на Lyoness можете на брз и едноставен начин да пронајдете трговец по Ваш избор, кој што работи со Cashback картичката: во пребарувачот на трговец едноставно треба само да го одбележете полето за „Cashback картичка”.
Едноставен е исто така и изборот при самата набавка:  Филиjалите на трговските партнери на Lyoness имаат јасно видлива Lyoness етикета, која се наоѓа на самиот влез или во пределот на касата.
