ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

Заштитата на Вашите лични податоци за нас е важна. Следниве информации ќе ви разјаснат кои податоци за време на Вашата посета на вебстраната ќе бидат опфатени и како ќе се користат истите.

Содржина на декларацијата за заштита на податоци

1 ПОДРАЧЈЕ НА ВАЖНОСТ НА ОВАА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
2 КОРИСТЕЊЕ И ПРОСЛЕДУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
3 ПРОТОКОЛИРАЊЕ НА НАШАТА ВЕБСТРАНА
4 COOKIES И WEBBEACONS
5 WEBTRACKING
6 БИЛТЕН
7 НАГРАДНИ ИГРИ
8 ЛИНКОВИ НА ПОНУДИ ОД ТРЕТИ ЛИЦА
9 ПРАШАЊА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ
10 ПРОМЕНИ НА ОВАА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ


1 Подрачје на важност на оваа декларација за заштита на податоците

Оваа декларација важи за сите вебстрани на Lyoness, кој упатуваат на – на пр. преку линк на секоја страна. Ве молиме обрнете внимание дека за користење на некои Lyoness вебстрани, меѓу другите и оние за другите земји може да отстапуваат од правилата за заштита на податоците.


2 Користење и проследување на Вашите лични податоци

Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, a лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно. Во лични податоци спаѓаат на пример Вашето име, Вашата адреса, Вашиот телефонски број и Вашиот датум на раѓање. За користење на Вашето членско конто односно партнерско купувачко конто потребни ни се Вашите лични податоци.

Ние ги употребуваме Вашите лични податоци, меѓу другото и за цели за директен маркетинг . Со пристапување на вебстраните на Lyoness Вие изрично се согласувате и сте запознати со фактот дека Lyoness согласно оваа декларација ги обработува Вашите лични податоци а во согласност со законските прописи во Република Македонија.

Доколку ни ставите на располагање лични податоци (на пр. доколку се регистрирате како член кај нас или како фирма ни испратите барање за некоја информација), ние ги опфаќаме и обработуваме од Вас дадените податоци, за да комуницираме со Вас, да го исполниме нашиот сервис или Вашата нарачка и за спроведување на техничката администрација. Надвор од тоа можеме да ги употребуваме Вашите лични податоци за сите цели, за кои имаме Ваша согласност, на пр. за да Ве информираме за понуди од Lyoness и нашите партнерски претпријатија.

Употребата на Вашите лични податоци следи во основа само преку она претпријатие, кое е наведено во Impressum на вебстраната. За развивањето на нашите услуги, за комуникацијата со членовите и за управувањето со нашиот онлајн настап можно е да не опслужуваат одредени понудувачи на услуги. Ве уверуваме дека ги обврзавме овие понудувачи на услуги на тоа да ги употребуваат Вашите лични податоци само според нашите целно обврзувачки напатствија. Било какво друго понатамошно користење на Вашите лични податоците од страна на овие понудувачи на услуги е забрането. Како носител на личните податоци доколку сметате дека ви е повредено некое право согласно законските прописи на Република Македонија имате право да поднесете барање за утврдување на повредата на правото до Дирекцијата за заштита на лични податоци.

Вашите лични податоци можно е да се проследат на трети лица само доколку и колку ова е потребно како развој на целта на договорот или доколку претходно сте се согласиле. Lyoness е едено интернационално активен концерн. Нашите деловни активности, менаџмент структури и нашата техничка инфраструктура ги пречекоруваат границите на земјата. Вашите лични податоци можно е да ги предадеме на останатите припадници на концернот , доколку и колку ова е потребно за давање на конкретна услуга за Вас. Исто така можеме да земеме во предвид избрани спријателени партнерски претпријатија за развој на некои услуги (на пр. испраќање на мејлови и директно рекламирање, фирми за хотлајн, обработка на трансакции) и доколку и колку ова е потребно ќе се предадат за тоа потребните лични податоци. Сите претпријатија ни се обврзани за тоа Вашите лични податоци да ги употребуваат само за соодветната конкретна цел и согласно законските прописи на Република Македонија.

Предавање на Вашите лични податоци во странство ќе следи само со Ваша согласност. Од тоа се изземени предавањата во државите членки на европскиот економски простор, во Швајцарија, кон Канада или на претпријатија кои што се обврзале за придржување на усвоените Основни начела за Safe-Harbor од US Department of Commerce, каде што е обезбеден соодветен степен на заштита на лични податоци.

Вие имате право на пристап и право на исправка на Вашите лични податоци на веб страната на Lyoness.

Вие имате право во секое време, бесплатано и со испраќање на емаил, писмен допис или на друг начин да не информирате дека ја повлекувате согласноста за обработка на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.


3 Протоколирање на нашата вебстрана

Еден дел од нашата веб-понуда можете да користите без да давате податоци за Вашата личност. Ние опфаќаме исто така и во овој случај одредени информации кои што ни ги предава Вашиот веб-пребарувач во врска со користењето на нашата вебстрана (помеѓу другото име на повиканата датотека, датум и време на повикот, пренесена количина на податоци, дојава за успешен повик, тип на веб-пребарувачот, јазик и доменот на страната, кои што се дојдени од Вас до нас), за да се соберат статистички податоци за користењето и ефикасноста на нашата понуда и истата да се прилагоди на потребите на нашите корисници. Го протоколираме секој пристап до податоците на нашата вебстрана и секој повик на некои од депонираните датотеки на нашата вебстрана.


4 Cookies и Webbeacons

Нашите вебстрани употребуваат таканаречени Cookies, тоа се мали датотеки со податоци кои што се симнуваат на Вашиот компјутер и таму можат повторно да бидат отповикани. Cookies служат за тоа да Ви овозможат пријавување за нашите услуги и да го персонализираат веб-настапот за Вас.

При купување преку веб-продавницата ставаме едно Cookie со Вашиот членски идентификационен број, за да можеме да го прокнижиме на Вашето конто извршеното купување од Ваша страна. Доколку купите стока кај некое од нашите партнерски претпријатија или порачате една услуга на нас ќе ни го дојави извршениот промет неговата вебстрана преку една еден-пиксел-графика и едно Cookie.

За Webtracking (види точка 5) ставаме Cookies и ние и нашиот понудувач на услугата Tracking Google Analytics, за да ги опфатиме Вашите онлајн активности. Евалуацијата следи секако анонимно.

Можете да го поставите Вашиот веб-пребарувач така што ќе ги одбивате сите или одредени Cookies. Ве молиме обрнете внимание на тоа дека не можете да ги употребувате сите функции и понуди на нашата вебстрана, доколку не ги прифатите Cookies. Како што веќе е споменато Cookie-технологијата е неопходна, за да можат да се проследат Вашите онлајн извршени купувања и да може да Ви се стави на Вашата сметка Cashback-придобивката.

Нашите страни може да содржат таканаречени Webbeacons, тоа се мали невидливи графики кои што ни помагаат во тоа да ги откриеме интеракциите со нашата вебстрана, да ставиме Cookies или да го утврдиме бројот на нашите посетители. Можеме да вградиме Webbeacons или специјално кодирани линкови во нашите билтени и маркетинг мејлови, за да откриеме дали овие вести се читаат или дали се клика на овие вести содржаните линкови, така што можеме да го оцениме успехот на нашите праќања врз основа на статистички податоци.

Преку користењето на нашата вебстрана изјавувате дека сте согласни со тоа дека смеат да се употребуваат наведените Cookies и Webbeacons.


5 Webtracking

Webtracking ни испорачува важни искази за однесувањето на корисниците на нашата вебстрана и со тоа ни овозможува една ефективна контрола на успехот на онлајн активностите. Евалуацијата следи исклучиво анонимно. Оваа вебстрана користи Google аналитика, една услуга за веб-анализа на Google Inc. ("Google"). Google аналитиката употребува исто така Cookies, кои што се снимаат во Вашиот компјутер и кои што овозможуваат една анализа на користењето на вебстраната од Ваша страна. Оние информации за Вашето користење на оваа вебстрана произлезени од Cookie (вклучителни и Вашата IP-адреса) се предаваат на еден сервер од Google во Америка и таму се снимаат. Google ќе ги користи овие информации за да го оцени Вашето користење на вебстраната, за да состави извештаи за активностите на вебстраната за операторот на вебстраната и за да даде понатамошни услуги поврзани со користењето на вебстраната и интернетот. Исто така Google овие информации може во даден случај да ги пренесе на трети лица, доколку тоа е законски пропишано или доколку третото лице ги обработува овие податоци по налог на Google. Google во никој случај нема да ја донесе во поврзаност Вашата IP-адреса со другите податоци, кои што се снимени од Google. Вие можете да ја спречите инсталацијата на Cookies преку соодветно подесување на Вашиот пребарувачки софтвер; но во овој случај сепак Ве упатуваме на тоа дека во даден случај може нема да можете да ги користите целокупните функции на оваа вебстрана во целосен обем.

Преку користењето на оваа вебстрана изјавувате дека сте согласни со обработката на собраните податоци за Вас од страна на Google на претходно опишаниот вид и начин и за претходно наименуваната цел.

Собирањето и користењето на Вашата IP-адреса од страна на Google аналитиката можете во секое време да го противречете и за оваа цел да симнете од интернет една алатка за деактивирање од http://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=en.

Ние ја проширивме Google аналитиката за кодот "_ anonymizeIP();", за да обезбедиме анонимно опфаќање на IP-адресите и за да го исклучиме директното поврзување со лицето (идентификација).


6 Билтени

Доколку сакате да добивате еден од понудените билтени на вебстраната потребна ни е од Вас една валидна е-мејл-адреса како и информации, кои што ќе ни дозволат проверка дека Вие сте сопственикот на дадената е-мејл- адреса односно дека сопственикот на е-мејл-адресата е согласен со приемот на билтени. Понатамошни податоци не се собираат. Вашата согласност за снимање на овие информации и Вашата е-мејл-адреса како и нивното користење за испраќање на билтените можете во секое време да ја промените во Вашиот Lyoness Cockpit во подесувањето на основните податоци, во кои ќе го откажете билтенот.


7 Наградни игри

Со Вашето учество во наградни игри изречно се изјаснувате дека сте согласни со тоа дека Лајонес ДООЕЛ Скопје смее да ги снима и употребува Вашите во склоп на учеството дадени лични податоци (помеѓу другите име и презиме, датум на раѓање, адреса, телефонски број, е-мејл-адреса) за рекламни и маркетинг цели како и дека смее да ги предава за рекламни и маркетинг цели на припадниците на Lyoness концернот . Се подразбира дека оваа согласност можете да ја отповикате во секое време бесплатно, писмено или по е-мејл на [email protected]. За поеднинечни наградни игри можеме да утврдиме специјални услови на користење со кои што би ги дополниле или промениле тука наименуваните рамковни услови.


8 Линкови на понуди од трети лица

Нашата вебстрана може да содржи линкови на веб-понуди од трети лица. Ние немаме влијание ниту на обликот на овие вебстрани ниту на нивниот однос со личните податоци. Поради тоа Ве молиме запознајте се и стекнете доверба и со декларациите за заштита на податоци на линкуваните вебстрани.


9 Прашања за користење на Вашите податоци

Доколку имате прашања за употребата на Вашите податоци, сакате правилно поставување или бришење на Вашите податоци, обратете се Ве молиме на следнава адреса:
Лајонес ДООЕЛ Скопје
бул. 8-ми Септември 16/1,
Бизнис Центар Хипериум 2-ри кат, 1000 Скопје
Телефон: + 389 (0) 2 3090 067
Факс: + 389 (0) 2 3090 068
E-Mail: office spam@gohere.go lyoness.mk

За заштитата на податоци одговорен налогодавач е:
Lyoness International AG
Bahnhofstrasse 7
CH-9470 Buchs


10 Промени на оваа декларација за заштита на податоците

Оваа декларација од време на време можеме да ја актуелизираме, за да ги земеме во предвид промената кај нашите понуди и фидбекот (повратната реакција) на нашите членови и партнерски претпријатија. Датумот на последната промена се наоѓа сосема горе во оваа декларација. Затоа Ве молиме преку интернет повикувајте ја редовно оваа декларација и проверувајте дали постои нова верзија.


Состојба: 18.05.2011