Lyoness ја обезбеди иднината на детските домови на RTL телевизија со донација на средства во износ од 500.000 евра.
21.11.2011Извршниот директор на Lyoness, Hubert Freidl како дел од емисијата „RTL донаторски маратон – помош од ѕвездите“, во живо им донираше 500.000 евра на Birgit Schrowange и Wolfram Kons (од телевизијата RTL). Оваа година за прв пат, Lyoness е партнер во проектите на донаторскиот маратон на RTL. Детските домови на RTL се наоѓаат во Берлин, Лајпциг, Штутгард, Минхен и Келн и се под надзор на Birgit Schrowange, како истакнат донатор на самиот проект.
Врвни донатори на проекти беа присутни на 17 ноември 2011 во Келн во живо во емисијата „RTL донаторски маратон – помош од ѕвездите“: извршниот директор на Lyoness, Hubert Freidl, донираше чек во вредност од 500.000 евра од името на куповната заедница Lyoness. Чекот го примија Birgit Schrowange, долгогодишен соработник на проектот Детски домови на RTL и Wolfram Kons, автор и раководител на фондацијата RTL/RTL Charity.
Извршниот директор на Lyoness, Hubert Freidl: „Со оваа донација, Lyoness придонесе за иднината на Детските домови на RTL. Овие установи се од големо значење за децата, адолесцентите и нивните семејства, посебно во овие тешки економски времиња. Компании како Lyoness ја засилуваат својата социјална одговорност помагајќи на добротворни проекти.“
Lyoness „Child & Family фондација“ поставува проекти од меѓународно ниво
За Lyoness, ангажманот кон Детските домови на RTL е само дел од вкоренетата стратегија за корпоративна општествена одговорност (КОО) на фирмата. Истата се спроведува од сопствената фондација на Lyoness „Child & Family фондација“. Досега се остварени 30 национални и интернационални проекти, а поддржка добиле околу 4.400 деца и семејства. За овие проекти Lyoness се потпира на своите 1,9 милиони членови, кои со секое свое купување ја помагаат фондацијата. Дел од секое купување направено преку Lyoness, автоматски се префрла на фондацијата. Дополнително донации се прават и од Lyoness групата.
Детали на www.lyonessfoundation.org