Славете со нас 10 години Lyoness!

Како што минува времето: Lyoness со гордост гледа наназад кон десетте успешни години –пред сѐ, благодарение на секој поединечен верен член.

Мотото „Пари назад при секое купување“ се докажа: Денес Lyoness претставува една од најголемите куповни заедници во светот и секојдневно расте, добивајќи нови членови и трговски партнери.

По овој повод Lyoness гласно вели: БЛАГОДАРАМ! Славете со нас и уживајте во предностите на куповната заедница на Lyoness!


Бескрајни можности


Со Cashback картичката, мобилниот Cashback, оригиналните ваучери и онлајн пазарувањето, штедењето при купувањето е поудобно од било кога и постојано се подобрува со помош на иновативните идеи на Lyoness.

Нашата цел: Членовите на Lyoness да профитираат уште поедноставно од ексклузивните понуди и предности!

Со радост гледаме наназад кон возбудливата историја на фирмата, бидејќи од нејзиното основање на 2. Јули 2003, постигнавме многу. Сѐ започна со едноставната и револуционерна идеја на Хуберт Фрајдл: Заедно со други луѓе кои купуваат, би требало да се добијат подобри услови. И тоа успеа!

За почеток концептот беше спроведен во Австрија, Словачка, Чешка и Унгарија.

Денес низ целиот свет има 44 регионални канцеларии, преку 3 милиони членови, околу 29.000 трговски партнери и 150.000 прифатни места.

Во 2008 беше основана Lyoness Child & Family Foundation, која успешно поддржува проекти од областа на образованието и паричната помош низ целиот свет. Во 2008 исто така беше објавен и првиот број на Cashback Списанието. Од 2009, членовите на Lyoness можат да профитираат од предностите на Lyoness и при пазарувањето онлајн.

Со помош на Facebook, куповната заедница е вмрежена и тесно поврзана и покрај големите растојанија!

Заеднички ни успеа да растеме и постојано да се развиваме – заедно сме силни!


Набавете го Вашиот код на ваучер!


Како посебна благодарност по повод 10 годишниот јубилеј, Lyoness им поклонува на неговите членови роденденски код на ваучер за максимално шопинг доживување!


По повод 10 годишниот јубилеј, Coin Rush започнува со бонус ниво!

Онлајн играта на Lyoness во култен ретро аркаден изглед, се грижи за расположението на Facebook заедницата! Ексклузивно по повод 10. роденден, сега постои и едно бонус ниво со нови карактеристики. Особено интересни, меѓу другото, се дополнителните шанси за добивка, како и новите карактеристики и достигнувања!

Забавувајте се и освојте еден од двата iPad-а со ретина дисплеј!