Како член на Lyoness едноставно може да го активирате Вашиот ваучер за подарок во Вашиот Online Office под „Искористи ваучери за подарок“. Најавете се со Вашите податоци на www.lyoness.net. Ископирајте го 13-цифрениот код од ваучерот во предвиденото поле од формуларот за нарачки или Вие внесете го кодот во соодветното поле внимавајќи на големите и малите букви и кликнете на „Искористи ваучер“.
Откако ќе го искористите кодот од ваучерот за подарок, износот ќе се припише на Вашата сметка за купување.
Ако сакате да искористите повеќе од еден ваучер:
Прво внесете еден код од ваучер за подарок и потоа кликнете на „Искористи ваучер“. Потоа внесете го наредниот код од наредниот ваучер за подарок и повторно кликнете на „Искористи ваучер“. Продолжете на овој начин и за другите кодови од ваучерите што сакате да ги искористите.
Прочитајте повеќе на Како од дома да испечатам ваучер за подарок?
Ако при користењето на ваучерот системот не го прифаќа кодот, може да има повеќе причини за тоа. Најчестата причина е едноставно погрешно внесениот редослед на букви или броеви. Поради тоа Ви препорачуваме, секогаш кога е тоа можно, кодот директно да го копирате во предвиденото поле на формуларот за нарачка. Овој начин е наједноставен и најсигурен.
Поминат е рокот на важност на ваучерот. Ве молиме проверете го крајниот датум на Вашиот ваучер.
Ваучерот е издаден во друга валута. Ве молиме проверете ја валутата на Вашиот ваучер.Може да се користат ваучери само во зони со истата валута.
Кодот од ваучерот за подарок веќе е внесен претходно. Ако кодот од ваучерот за подарок е веќе снимен во системот, при негово повторно внесување се добива порака за грешка со напомена дека ваучерот веќе е искористен. Во тој случај Ве молиме избришете го кодот од ваучерот за подарок од предвиденото поле.
Ако не ја најдовте причината во наведените примери, Ве молиме проверете дали се исполнети условите за користење на ваучерот. Ако Ви е потребна дополнителна помош, Ве молиме контактирајте го нашиот сервисен центар.
Ваучерите за онлајн продавницата на Lyoness можат и делумно да се искористат, т.е. потребниот износ ќе се одземе од средствата на ваучерот за пазарување и преостанатата вредност на ваучерот останува снимена на Вашата сметка за купување до крајниот датум на ваучерот. Актуелниот статус на сметката може да го видите во секое време на Вашата
сметка за купување. Таму ја имате и можноста да искористите и други ваучери за подарок за подоцнежна употреба.
Имате можност да ја проверите употребата на Вашите ваучери во онлајн продавницата на Lyoness. За да го направите тоа, одете на
сметка за купување/ пресметани купувања: тука може да видите кога Ви е припишан ваучер и кога кој износ е пресметан со ваучер во онлајн продавницата на Lyoness. Исто така тука може да се види и враќање на средствата за сторнирани или вратени нарачки на Вашата сметка.
Употребата на ваучерот нема никакво влијание врз трошоците за достава. Ваучерот не ја намалува вредноста на нарачката, туку само се пресметува со вредноста на вкупниот износ на нарачката. Тоа значи: ако за некоја пратка поштарината е бесплатна, така ќе остане и при користење на ваучерот. Ако за некоја пратка се наплаќаат трошоци за достава, тогаш истите може да се пресметаат преку Вашиот ваучер за пазарување, под услов вредноста на ваучерот да е доволна за тоа.
Ако ни враќате некоја Ваша нарачка за која сте користеле ваучер, тогаш соодветните средства ќе се позиционираат назад на Вашата сметка за купување како нераспределена исплата, од што секое време може да генерирате нов ваучер за пазарување.
Не, сите ваучери за онлајн продавницата на Lyoness може да се искористат само ДИРЕКТНО кај Lyoness.
Ваучерот за подарок мора прво да се искористи под
Gutscheine einlösen.
Ваучерите за пазарување на Lyoness може да се употребат за пресметување на мобилните ваучери и за нарачка на оригинални ваучери /„gift cards“ и други производи во онлајн продавницата на Lyoness.
За жал, не е можно да се пресмета ваучерот за подарок откако веќе е пресметана нарачката. Но, ваучерот за подарок можете сепак да го искористите. Ваучерот ќе се додаде на средствата на Вашата сметка за купување како ваучер за пазарување.
Кај отворени нарачки:
Ако сеуште имате некоја отворена нарачка, поради тоа што нема доволно средства на Вашата сметка за купување, може да искористите еден ваучер за подарок кој ќе се пресмета за оваа отворена нарачка.
За да го направите тоа, најавете се со Вашата е-маил адреса и лозинка во Вашата сметка за купување и одберете
искористи ваучер.
Ве молиме прочитајте ги нашите
услови за користење на ваучерите за подарок.