Сподели
  Facebook
  Google +
  Twitter
  Xing
  LinkedIn
  EMail

Lyoness почнува проект со Нелсон Мандела

31.07.2012
Нелсон Мандела е амбасадор на CFF! 

Отпочна најпрестижниот проект на фондацијата Child & Family Foundation: во наредните месеци CFF ќе го изгради новото основно училиште „Но Москоу“ во јужноафриканското село Куну, родното место на Нелсон Холилала Мандела. Оваа образовна иницијатива во неговиот роден крај има посебно значење за добитникот на Нобеловата награда за мир и поранешниот претседател на Јужна Африка; затоа тој го поддржува проектот заедно со неговата сопруга, госпоѓата Граса Машел, и со неговиот 21-годишен внук Мбусо Мандела, кој како член на заедницата на Lyoness го воспостави контактот со CFF. 

Изградба на училиштето во рекордно време
 

Основното училиште „Но Москоу“ има огромна потреба од реновирање, училниците се премали и веќе долго време не претставуваат идеална средина за учење за 228 ученици колку што моментално ја посетуваат наставата. Затоа фондацијата CFF ја презеде таа задача и има намера со помош на семејството Мандела да ја заврши изградбата на новата зграда за само шест месеци. Новото училиште ќе има седум училници и една библиотека. 

На гости кај Нелсон Мандела
 

Изградбата на новото училиште започна на 16-ти јули 2012 година, два дена пред 94-от роденден на Мандела. Со енергичен говор Граса Машел им посака добредојде во училиштето на Хуберт Фрајдл како и на други претставници на Lyoness и на фондацијата CFF. Настанот беше крунисан со посетата на австриските претставници во домот на Нелсон Мандела во Куну при што имаа ретка можност лично да го запознаат харизматичниот државник и лидер. 

LYONESS.TV беше на лице место!
 

Дознајте повеќе за заедничкиот проект и за посетата кај еден од најголемите борци за слобода во историјата – во следната емисија на LYONESS.TV на 31-ти јули 2012 година на www.lyoness.tv

Вашиот тим од CFF