Акценти на пазарувањето
Глосар
Глосарот како компактен мал речник Ви нуди целосни информации за Lyoness. Тој објаснува типични технички термини и концепти кои се користат од страна на компанијата во врска со куповната заедница на Lyoness и лојалната програма. Од местата за прифаќање па се до Cashback картичката за предности - едноставно внесете го терминот што го барате во полето за пребарување.
All about Lyoness
Lyoness видеото Ви ги покажува предностите кои членовите ги добиваат при пазарувањето. Видеото Ви овозможува севкупен преглед во светот на пазарувањето на Lyoness, како и во светот на препорачателскиот маркетинг. Севкупен преглед во неверојатната анимациска технологија.
Cashback
Со секое купување преку Lyoness, направено кај трговските партнери на Lyoness, членот добива 2% на својата сметка за исплата. На овој начин, се добива износ кој постојано се зголемува. Со постигнување на сума од МКД 325, средствата се префрлаат на сметката на членот, без одбивање на одредени такси.
Cashback картичка
Cashback картичката е симбол на Lyoness членството, а исто така и носител на предностите кај стотици трговски партнери. Оваа картичка не е средство за плаќање, туку служи за регистрирање на податоците од купувањето на членот направено кај трговскиот партнер. Собраните податоци од страна на трговскиот партнер се испраќаат на Lyoness, за да се пресметаат и исплатат членските предности.
Cashback списание
Уште од 2008 година Cashback списанието се објавува неколку пати годишно. Неговиот тираж постојано се зголемува и е достапен на неколку јазици. Се фокусира на информации за последните подобрувања и карактеристики на нови, но и на веќе познати трговски партнери. Вклучува, исто така, статии за различни теми како патувања, мода и начин на живот.
Child & Family фондација
Lyoness Child & Family фондацијата е политички независна добротворна организација, која работи со деца, млади и семејства со посебни потреби и е активна главно во областа на образованието. Како член на Lyoness, Вие давате активна поддршка за реализиција на социјалните и образовните проекти, со секое Ваше купување. Повеќе информации на www.lyoness-CFF.org
Cookie
Прифатените Cookies Ви потврдуваат дека, нарачките кај онлајн трговските партнери, кои се спроведени преку Lyoness, се идентификувани како јасно направено купување со Lyoness и Ви овозможуваат предглед на истото. Откако, ќе се најавите во Lyoness и откако ќе го изберете конкретниот онлајн трговски партнер, се отвара во нов прозорец, кој ќе го зачува конретното Cookie. По завршување на купувањето, информацијата зачувана во Cookie (на пример: Вашиот Lyoness членски број, вредноста на нарачката, бројот на нарачкта, датумот итн.) се проверуваат од онлајн продавницата. На овој начин, Вашето купување може да биде проследено од Lyoness и да бидат пресметани Вашите членски предности.
Dataservice
Lyoness Dataservice GmbH е одговорен за планирањето, инсталирањето и функционирањето на целосната IT инфраструктура на Lyoness низ целиот свет.
eBiz
Подружница на Lyoness која е одговорна за целиот свет за онлајн пазарување на Lyoness. Тука се вклучени онлајн пазарувањето, справување со трговските онлајн партнери, менаџирање на порталот, мобилен Cashback, веб апликации и апликации, социјални медиуми, кодови на ваучери, Newsletter маркетинг, механизам за пребарување и многу повеќе.
Facebook
Lyoness е дел и од социјалните мрежи - како меѓународна фан страница, така и во неколку национални верзии.
FAQ
Frequently Asked Questions, накратко FAQ, е збир од често поставувани прашања, како и нивните одговори.
IQNet-сертификат
Lyoness во рамките на ISO 9001:2008 сертификатот од Quality Austria, има и меѓународно признаен сертификат од IQNet. IQNet е меѓународна организација која конслодира повеќе фирми, која има повеќе од 40 држави партнери.
Key Account
Меѓународниот Key Account Management е одговорен за изградба на мрежа од места за пазарување на ниво на концерни, како и за поддршката на истите низ целиот свет.
Loyalty Programme
Погледенете ја лојалната програма.
Lyco
Маскотата на Child & Family фондацијата е достапна само во продавницата на Lyoness. Вкупната добивка оди директно во Child & Family фондацијата.
Lyco Soft GmbH
Lyco Soft GmbH е одговорен за развојот на софтверот во рамките на компаниската група Lyoness. Развива индивидуален софтвер за целата компанија.
Lyoness заедница
Ги означува сите членови и трговски партнери кои пазаруваат, штедат и прават добро.
Lyoness.TV
Lyoness.TV е оналјн канал за новости, кој ја информира Lyoness заедницата за развојот на фирмата и фондациите. Архивата, Ви нуди можност и подоцна да ги видите видеата.
Re-Cash
Re-Cash овозможува, веќе направеното авансно/делумно плаќање за нарачка на ваучери, преку континуирано купување да се враќаат како исплати. Во овој случај, предностите од лојланост на членот (Сashback картичка, мобили ваучери, оригинали ваучери/картички за подарок, онлајн купувања), не се пресметуваат во лојалната програма, туку се префрлуваат директно на личната сметка на членот.
TÜV Rheinland-сертифицирање
TÜV Rheinland е потврда за двенеделниот процес на сертифицирање и не само за ценовната предност, туку и за различните начини на пазарување, како и за авансното/делумното плаќање за идно купување на ваучери/картички за подарок. Оваа сертификација на Lyoness, прави анализа на процесите за квалитет на менаџментот, целосното формирање на договорите со трговските партнери и крајните корисници, како и задоволството на членовите.
аванс/делумно плаќање на нарачка за ваучери
За поврзана нарачка на оригинални ваучери и картички за подарок, може да се оствари аванс/делумно плаќање.
Аванс/делумно плаќање со Lyoness, функционира според познатиот принцип на авансирање, но со дополнителни предности за членовите.
Предност 1: Нарачката на ваучери со Lyoness, која е направена со аванс/делумно плаќање не се губи, туку таа останува за членот.
Предност 2: Нарачката на ваучери со Lyoness, која е направена со аванс/делумно плаќање, се поставува како пресметковна единица во пресметковната програма на Lyoness и на овој начин постои можност за генерирање на средства за лојалност преку купувања. Ова значи, дополнителен буџет за наредните купувања.
Повеќе информации може да пронајдете во содржината на FAQ, точка 11.
Аванс/делумно плаќање со Lyoness, функционира според познатиот принцип на авансирање, но со дополнителни предности за членовите.
Предност 1: Нарачката на ваучери со Lyoness, која е направена со аванс/делумно плаќање не се губи, туку таа останува за членот.
Предност 2: Нарачката на ваучери со Lyoness, која е направена со аванс/делумно плаќање, се поставува како пресметковна единица во пресметковната програма на Lyoness и на овој начин постои можност за генерирање на средства за лојалност преку купувања. Ова значи, дополнителен буџет за наредните купувања.
Повеќе информации може да пронајдете во содржината на FAQ, точка 11.
Апликација
Lyoness на своите членови им дава на располагање апликации (интерактивна употреба): Мобилната апликација на Lyoness овозможува меѓу другото и поставување на мобилните ваучери. Во Apple App Store, постои можност за симнување на Апликацијата од Cashback списанието.
Ваучери за пазарување
Ваучерите за пазарување служат примарно за пазарување на производи од продавницата на Lyoness. Тие можат да се искористат за плаќање на мобилни ваучери, нарачка на ваучери/ картички за подарок или други производи од продавницата на Lyoness. Тие можат исто така да се користат за онлајн регистрирање на нови членови. За да добијат ваучери за пазарување, членовите можат или да го нарачаат посакуваниот број на ваучери за пазарување од продавницата на Lyoness или да го пополнат формуларот за нарачка (електронски или испечатен) и да го испратат во локалната канцеларија. Откако ќе се процесира нарачката, ваучерите за пазарување ќе бидат прокнижени на сметката за купување на членот.
Ваучери за подарок
Ваучерите од продавницата на Lyoness (ваучери за пазарување и лојални ваучери) може да се дадат на други членови на Lyoness во форма на ваучери за подарок. Членовите можат да го нарачаат посакуваниот износ од продавницата на Lyoness или преку Lyoness апликацијата и потоа да го одберат видот на ваучерот (лојален ваучер или ваучер за пазарување). Откако ќе се заврши плаќањето, ваучерот за подарок ќе биде достапен за преземање или може да се испрати по пат на e-mail. Тогаш примачот може да го искористи ваучерот со внесување на кодот на подарокот во релевантниот формулар на интернет страницата или преку Lyoness апликацијата. Во зависност од видот на ваучерот, ќе биде префрлен како лојален ваучер или ваучер за пазарување на сметката за купување на примачот. Примачот може да одбере како, кога и за што ќе го искористи ваучерот за подарок; како мобилен ваучер, нарачка на оригинални ваучери/картички за подарок од трговските партнери, за онлајн регистрација на членови, за купување на флаери за регистрација или за купување на производи од продавницата на Lyoness.
Ваучери од продавницата на Lyoness
За разлика од мобилните ваучери и оригиналните ваучери/картички за подарок на трговските парнери, ваучерите од продавницата на Lyoness може да се користат за различни услуги во рамките на Lyoness. Поради тоа, тие не се валидни за добивање стоки или услуги од трговските партнери. Постојат ваучери за пазарување и лојални ваучери кои можат да бидат дадени како ваучери за подарок. Членовите можат да најдат преглед на постоечките ваучери од продавницата во нивната онлајн канцеларија веднаш штом се најават на www.lyoness.net.
Донаторство во областа на образованито
Донаторите во областа на образованието даваат голем придонес и се голема поддршка за проектите на Lyoness Child & Family фондацијата. Донаторство не значи само, да верувате во една подобра иднина за децата, младите и семејствата, туку и активно заложување за остварување на истата.
Само со МКД 1.950 месечно, Вие ја поддржувате фондацијата и на тој начин обезбедувате долгорочна поддршка на проектите во Вашaта земја. Повеќе информации на www.lyoness-CFF.org
Само со МКД 1.950 месечно, Вие ја поддржувате фондацијата и на тој начин обезбедувате долгорочна поддршка на проектите во Вашaта земја. Повеќе информации на www.lyoness-CFF.org
Исплата
Lyoness неделно (секој вторник) генерира членски предности. Откако, на личната сметка на членот, ќе се акумулира сума од МКД 325, истата се префрла на жиро сметката на членот.
Картичка за подарок
Картички за подарок, е често користен термин за ваучери во формта на картичка. Картичките за подарок се користат како замена за ваучери направени од хартија и во поголем број случаи може да се надополнуваат.
Картичка за предности
Картичката за предности на Lyoness е таканаречената Cashback картичка, која пред плаќањето се покажува на касата кај трговскиот партнер, за да може да се остварат членските предности на Lyoness. Cashback картичка не служи како средство за плаќање, туку служи само за правилно распределување на купувањето.
Код на ваучер
Кодовите за ваучери се дополнителни предности кои членовите на Lyoness ги добиваат од трговските партнери, a се нудат на интернет страницата на Lyoness.
Куповна заедница
Куповната заедница е асоцијација за трговци и/или физички лица со цел, заеднички да го зголемат економскиот потенцијал. Од бизнис перспектива, слично соединување нуди подобри услови за купување и за продажба на голем број учесници (членови, трговци).
Лојална програма
Лојалната програма на Lyoness, се состои од единствената Win-Win-Win- ситуација, во согласност со мотото „Заедно можеме повеќе“ и им обезбедува на регионалните, националните и на меѓународните трговци ефективна поддршка.
Лојална сметка
Во сметката за лојалност се генерираат лојални предности, кои што членот ги добива автоматски со секое купување направено преку Lyoness.
Места за пазарување
Една филијала на конкретен партнерски концерн или на МСП - трговски партнери, кај кои што членовите на Lyoness ги користат предностите при купувања.
Место за продажба на ваучери
МСП трговски партнери кај кои што членовите на Lyoness може да купат ваучери/картички за подарок на нашите трговски партнери. Преглед на сите места за продажба на ваучери ќе пронајдете на интернет страницата на Lyoness.
МСП
Кратенка за мали и средни претпријатија.
Нарачка на ваучери
Во Lyoness постојат две можности за купување, односно за спроведување на нарачка на оригинални ваучери/картички за подарок на трговските партнери: 1) Со целосна исплата: постоечкиот вкупен износ на нарачката ќе биде целосно исплатен и нарачаните ваучери/картички за подарок ќе бидат испратени на членот пр. преку пошта.2) Согласно една авансно/делумно плаќање: еден дел од износот ќе биде исплатен. Со исплата на остатокот од износот, нарачаните ваучери/картички за подарок ќе му бидат испратени на членот преку пошта. Односно: авансно/делумно плаќање + доплата/остаток од исплата = вредност на ваучерот.
Начини на купување
На членовите на Lyoness, на располагање им се четири можности за купување, за да ги добијат своите членски предности: со Cashback картичката, со мобилните ваучери (мобилен Cashback), со оригинални ваучери/картички за подарок на трговските партнери како со онлајн пазарување.
Оналајн купувања
Порталот за онлајн пазарување не само што е достапен 24/7 туку и им ги нуди на членовите на Lyoness сите вообичаени предности за повеќе од 170 милиони производи и услуги во меѓународни рамки. Едноставно најавете се на интернет страницата на Lyoness и користете ја опцијата „Пребарување на трговски партнер и пребарување на производи“ за да ја најдете онлајн продавницата по Ваш избор. Бидејќи сте се најавиле во онлајн продавницата преку интернет страницата на Lyoness, Вие ќе бидете идентификувани како член на Lyoness и Вашите членски предности ќе бидат креирани во лојалната програма.
Онлајн канцеларија
Lyoness на секој член преку својата интернет страница www.lyoness.mk (дел за најава), му дава на располагање една бесплатна интернет канцеларија, до која членот може да пристапи со внесување на корисничкото име и лозинка и со тоа во секое време да има увид во остварените купувања, препорачани членови, како и увид и известување за предностите од програмата за лојалност на Lyoness.
Онлајн регистрација
Онлајн регистрирањето може да биде спроведено од страна на препорачателот, заедно со новиот член. Трошокот од МКД 65 ќе биде одземен од сметката за купување на директниот препорачател. Онлајн регистрирањето е дозволено само со присуство на новиот член.
Онлајн трговски партнер
Трговски партнери кои развиваат дејност само врз основа на онлајн продавницата и се дел од онлајн мрежата за пазарување на Lyoness.
Оригинални ваучери
Оригиналните ваучери се ваучери на нашите трговски партнери, кои се купуваат преку Lyoness. Истите може да се нарачаат (пример: во онлајн продавницата на Lyoness), да се купат во канцеларијата на Lyoness или од местата за продажба на ваучери.
Остаток за плаќање
Погледнете доплата
Пари назад
Погледнете Cashback.
Партнерски концерни
Партнерските концерни се трговски партнери, кои соработуваат со Lyoness, со сите или со голем број на филијали (во различни држави) и кои на членовите на Lyoness им обезбедуваат предности при пазарувањето.
Прво купување
Првото купување е купување направено кај наш трговски партнер во текот на бесплатното тест членство. Со оваа прво купување, тест членството преминува во постојано членство.
Пребарување на трговец и на производи
Функцијата за пребарувње на интернет страницата на Lyoness, со помош на која што може да се пронајдат трговските партнери.
Предности за лојалност
Лојалната предност е членската предност минус Cashback.
Препорачател
Членот станува препорачател, кога во процесот на препорачување на членските предности на Lyoness регистрира нов член.
Пријателски бонус
Препорачувајте го Lyoness и добивајте како препорачател до 0.5% од износот на секое купување, направено преку Lyoness од страна на новиот член (директен пријателски бонус). При понатамошното препорачување на нови членови, Вие исто така уште еднаш добивате 0.5% од износот на нивните купувања (индиректно препорачани членови) – (индиректен пријателски бонус).
Пријателски флаер
Вие имате можност, новите членови да ги регистрирате со т.н. пријателски флаер. Истиот, може да го купите од Lyoness оналјан продавницата или од локалната канцеларија на Lyoness. Пријателските флаери се состојат од членска папка, која содржи општи информации за Lyoness, како и неперсонализирана Cashback картичка, која што членот може сам да ја пополни, за да може веднаш да ги користи предностите кои ги нуди Lyoness.
Регистрација преку МСП трговски партнер
Секој МСП-трговски партнер има можност, да регистрира нови членови согласно нивното прво купување со помош на пријателскиот флаер, доколку членот направи купување во висина од минимум МКД 325.
Сертификат ISO 9001:2008
Од септември 2010, Lyoness има ISO 9001:2008 сертификат. Сертифицирањето е спроведено од страна на Quality Austria GmbH. Сертификатот ISO 9001, ги поставува минималните барања, по кои треба да се уредени сите процеси и структури во една фирма.
Списание на Child & Family фондација
Child & Family Фондацијата (CFF) во текст и слики: Списанието на Lyoness Child & Family Фондацијата, Ве информира за сите актуелни и веќе спроведени проекти на CFF. Детални извештаи, како и големи број слики од локациите и проектите, Ви овозможуваат детален преглед и Ви даваат јасна представа за изградбата на новите училишта, мерките за итна помош, како и за сите проекти низ целиот свет. Списанието на CFF е достапно, освен во печатена форма и како апликација за симнување на Вашиот iPad во Apple App Store.
Трговски партнер
Lyoness со концерни, МСП како и со онлјн продавници, склучува договор со посебни услови во форма на членски предности за сите членови.
Фондација Greenfinity
Фондацијата Greenfinity помага за заштита на климата и се залага за зачувување на околината. Со секое купување преку Lyoness, Вие автоматски давате поддршка на Greenfinity. На овој начин, Вие помагате да се реализираат националните и интернационалните проекти за заштита на животната средина. Повеќе информации на www.lyoness-GFF.org
Целосно плаќање
Целосно плаќање означува дека е извршена целосна уплата на нарачка на ваучери.
Центар за услуги
Центарот за услуги е само и единствено за задоволување на потребие на членовите и трговските партнери, во согласност со подршката која им ја дава локалната канцеларија.
Членски број
Секој член има свој членски ID број кој што служи за пресметување на купувањата направени преку Lyoness. Истото е видливо и во личната оналјн канцеларија, како и на пероснализираната Cashback картичка.
Членски предности
Членските предности се пресметуваат врз основа на договорените услови меѓу Lyoness и трговските партнери. Процентот зависи од трговскиот партнер, трговскиот сектор и државата. За секаков вид на купувања направени кај нашите трговски патнери, Вие како член на Lyoness, добивате членски предности. На Вашата лична сметка за исплата, Вие добивате до 2% од вкупниот износ на купувањето (=Cashback). Откако ќе се акумулира износ од минимум МКД 325, сумата се исплаќа на Вашата лична сметка. Останатите предности (Предности за лојалност), остануваат во Вашата пресметковна програма. На овој начин, Вие профитирате од дополнителните предности (Дополнителни членски предности).
