 |
Општи прашања за Lyoness
|
Имате многубројни можности да станете клиент на Лајонес. Регистрирајте се со Business Ticket и по пошта во следните неколку дена ќе ја добиете Вашата лична Cashback картичка. Вашата регистрација се разбира е бесплатна.
За да ја добиете Вашата Cashback картичка, потребно е да се регистрирате како клиент на Lyoness (погледни прашање 1), во следните неколку дена по пошта ќе добиете Lyoness "Добре дојдовте"- пакет, во кој е вклучена и Вашата лична сина Cashback картичка. Се разбира бесплатно.
Од сите купувања и секојдневни консумации кај трговските партнери на Lyoness добивате брза бонификација од 1% на Вашата сметка за бонификација. Кога ќе се собере сума од 10 евра Вие ги добивате исплатени во готово на Вашата тековна сметка. Повеќе за оваа тема можете да прочитате во менито "Така добивате со Лајонес", како и во "Препорачај на пријател".
Добивате податоци за влегување во личната страница по е-маил или СМС веднаш после успешната регистрација.
Не, членството во Лајонес е апсолутно бесплатно.
Да. Минималната возраст за успешна регистрација се наполнети 14 години. За лица под 18 годишна возраст потребен е потпис на старател.
Вашиот личен баркод.
Не, Cashback картичката служи само за регистрација на реализираните купувања, за реализација на Вашите бонификации. Lyoness Cashback картичката не е средство за плаќање.
Задолжителни за Вашата регистрација се: Вашето име и презиме, дата на раѓање, поштенска адреса, како и број на мобилен телефон.
 |
Често поставувани прашања
|
Влезете со Вашето корисничко име и лозинка на www.lyoness.net/mk/ и најдете ja преку подменито "Барање на трговец" посакуваната онлајн продавница. Откако сте ja пронашле, кликнете на логото на трговецот или копчето "Кон онлајн продавницата". Избраната продавница се отвара во нов прозорец и Вие можете, како и обично, да купувате согласно условите за користење на партнерската онлајн продавница. Бидејќи Вие влегувате во онлајн продавницата преку веб страницата на Лајонес, Вас ве распознаваат како Лајонес клиент и на овој начин Вашите купувања можат да бидат регистрирани и бонифицирани. (Забелешка: Кај онлајн купувањето се бонифицира врз основа на нето вредноста на стоката, со мали исклучоци. Освен тоа во повеќето случаи трошоците за транспортирање како и оние за пакување не подлежат на бонифицирање)
Откако вашето купување е целосно завршено, земајќи ги во предвид роковите за замена и доставување, Вие добивате бонификација за Вашето купување на Вашата сметка по избор - што можете да ја поставите во подменито "Лајонес/Моите бонификации/Опции". Кога на Вашата сметка за бонификации е собрана сума од 10 €, добивате пари назад во готово на вашата тековна сметка.
Вашиот Browser како и Вашата антишпионска и антивирус програма треба да допуштаат Cookies, за да може да бидете распознаени од системот како клиент на Лајонес и за да може да биде распознаено и бонифицирано Вашето купување. За време на Вашето пазарување во онлајн продавниците вашиот Browser не треба да корисити AdBlocker или Script-Blocker-блокирачки алатки. Ве молиме проверете ги подесувањата во Вашиот Browser - пред да пазарувате или обратете се за совет до ИТ-специјалист.
Во рамките на 24 часа, Вашето купување ќе биде прикажано во Вашата Лајонес онлајн страница во менито "Моите купувања / Отворени купувања". Откако Вашето купување е целосно завршено, и откако се земени предвид роковите за замена и доставување, Вие добивате бонификација за Вашето купување на Вашата сметка за бонификации. Во зависност од тоа колку брзо била доставена стоката или дали сте платиле како клиент, целиот процес може да се продолжи понекогаш до околу 120 дена. Колку побрзо е завршено Вашето купување, толку побрзо ќе ги добиете Вашите пари назад во готово на Вашата сметка!
За жал не, бидејќи не постои можност, Вашето купување да биде проследено во даден подоцнежен период.
Доколку соодветниот трговски партнер издава ваучери, кои откако ќе ги купите можете да ги кориситите и за онлјан пазарување, вие имате право да плаќате со нив и ќе добите бонификација за целата вредност за сметката.
Ако сте добиле ваучер за наш онлајн трговски партнер како подарок, Вие се разбира можете да плаќате со него, но Лајонес ќе ја бонифицира сепак само онаа сума, којашто останува откако ќе биде одземена вредноста на ваучерот.
Ако на пример нарачате стока во вредност 100 € и платите од неа 15 € – со ваучери кои сте ги добиле како подарок, останатата сума од 85 € – ќе биде бонифицирана. Ако целата сума ја платите со ваучери коишто сте ги добиле како подарок, нема да добиете бонификација.
Во зависност од соодветните рокови за замена и доставување на трговскииот партнер, времето за бонификација е различно, но понекогаш може да помине околу 120 дена, додека обработката на Вашето купување биде целосно завршено.
Откако Вашето купување и плаќање ќе бидат регистрирани од страна на трговецот, Вие на Вашата сметка за бонификации во соодветниот рок ќе ја добиете Вашата бонификација.
Ве молиме да земете во предвид, дека рекламациите треба да бидат направени брзо - во временска рамка од седум дена. Пристигнатите рекламации подоцна од овој рок нема да можат да бидат примени од соодветната продавница. За да може да се одговори брзо на Вашето прашање, испратете ни ја во најбрзо време во дигитална форма вашата сметка од соодветната онлајн продавница – вклучително и крајната платена сума. Рекламациите се примат и обработуваат само од страна на сервисниот центар на Лајонес.
Можно е да се случи Вашето купување да не биде регистрирано, бидејќи Вашиот Browser, Вашата антишпионска или антивирус програма не ги допушта Cookies. За време на пазарувањето во онлајн продавниците, Вашиот Browser не треба да користи AdBlocker или Script-Blocker-блокерски алатки. Затоа, оставете го Вашиот прозорец "Lyoness Explorer" задолжително отворен за време на пазарувањето. Ве молиме проверете ги вашите подесувања и алатки пред пазарувањето или консултирајте се со ИТ –специјалист!
Обично во рамките на 24 часа Вашето купување се прикажува во Вашата лична онлајн страница на Лајонес во подменито "Моите купувања/Отворени купувања".
Може сепак да се случи да Вашето купување да не може да биде прикажано, бидејќи Вашиот Browser, Вашата антишпионска или антивирус програма не ги допушта Cookies. За време на пазарувањето во онлајн продавниците Вашиот Browser не треба да користи AdBlocker или Script-Blocker - блокерски алатки. Ве молиме проверете ги вашите алатки пред пазарувањето или консултирајте се со ИТ – специјалисти !
Проверете ги алатките на Вашиот Browser дали Cookies биле достапни за доменот www.lyoness.net/mk/ или биле блокирани. Исто така проверете дали Cookies не биле во целост деактивирани некаде во Вашиот Browser. За време на купувањето во онлајн продавниците, Вашиот Browser не треба да користи AdBlocker или Script-Blocker – блокирачки алатки. Вашата антишпионска или антивирус програма исто така можат да предизвикаат проблеми и да ги блокираат Cookies. Ве молиме проверете ги вашите алатки во соодветните програми. Ако и покрај тоа проблемот сеуште постои, користете го нашето
Internet-Browser-упатство или консултирајте се со ИТ-специјалист.
Во зависност од онлајн продавницата, бонификациите за Вашето купување се пресметуваат или врз база на нето вредноста или на бруто вредноста, кога се има предвид дека се одзема вредноста на ваучерите, трошоците за доставата и такси за обработка и манипулација. Која вредност ќе биде земена во предвид од продавницата како база за пресметување, може да дознаете од деталниот опис на трговецот при пребарувањето на трговците во страницата на Лајонес. При тоа, во сила е правилото, дека меѓународните трговски партнери бонифицираат најчесто врз база на нето вредноста, бидејќи во спротивно е неопходно да се земат во предвид различните даночни стапки.
Секој клиент може да добие пристап преку подменито "Барање на трговец" до онлајн продавниците на сите "Лајонес" - држави надвор од својата сопствена. Сепак е валиден договорот помеѓу онлајн продавниците и Лајонес само за оние држави, за кои дадената продавница има договор со Лајонес. Некои продавници се наведени само во една држава, а други во многу држави.
Причината за тоа е дека наведената онлајн продавница не е претставена самостојно во дадена држава или даден доставувач има трговски права само за одредена држава и останатите продавници таму немаат право на самостојни активности – или станува збор за фирми, со коишто сеуште не е склучен договор за дадената држава. Ottoversand.at например е австриска фирма, која поради внатрешни причини може да биде доставувач само во Австрија. Германската фирма Otto.de исто така е авторизирана само за Германија.
Во суштина нема никаков проблем за добивање на една бонификација усогласена со правилата - тоа значи дека, од вредноста на купувањето се задржуваат сите ваучери, попусти, трошоци за достава и такси за обработка, ако соодветната онлајн продавница доставува стока од странство во Вашата држава.
Во таков случај онлајн продавицата не е задолжена по силата на никаков договор да исплаќа бонификација.
Би сакале да ве информираме дека, таквото купување го правите на сопствен ризик, и дека не е возможна бонификација во случај на нерегистрирано купување во соодветна странска продавница. Затоа ви препорачуваме да пазарувате само во онлајн продавниците, кои се наведени во Вашата држава.
Некои од нашите партнери се меѓународни фирми, доставувачи на своите стоки во многу држави, но и покрај тоа не можат да го прикажат својот асортиман на своите веб продавници на Вашиот јазик. Ве молиме за Вашето разбирање, што поради определени причини асортиманот на дадената партнерска продавница не е на располагање на Вашиот јазик.